ПЕТРЕ ШИЛЕГОВ СЕ ПОФАЛИ ДЕКА ЈП „КОМУНАЛНА ХИГИЕНА“ ЌЕ ГИ МИЕ УЛИЦИТЕ НА СКОПЈЕ СО АВТОЦИСТЕРНИ
Градоначалниците ширум Македонија без разлика на тоа од редовите на која партија доаѓаат, продолжуваат да се фалат на социјалните мрежи со работи, коишто би требало да бидат нивна секојдневна обврска. Градоначалникот на Штип Благој Бочварски пред извесно време се пофали со 1 километар реновирани улици, денеска пак неговиот партиски колега Петре Шилегов се пофали дека од денеска до 23 февруари улиците и булеварите на градот Скопје ќе бидат чистени со автоцистерни.

