Шпанскиот премиер в недела во Скопје

/

Во недела премиерот на кралството Шпанија, Педро Санчез Перез-Кастехон ќе пристигне во еднодневна официјална посета на Македонија, информираат од владата.

Санчез е на турнеја во посета на западен Балкан со надеж дека ќе го „реактивира, заживи и ревитализира процесот на проширување“ на ЕУ кон овој регион.



На состанокот на лидерите на ЕУ на крајот на јуни во Брисел, Санчез се заложи за повторно активирање, заживување и ревитализација на процесот на проширување.

Претходна статија

Грција и Кипар ја обвинија Турција за поттикнување на тензии

Следна статија

СДСМ: Идејата за референдум е само за внатрешна употреба во ВМРО-ДПМНЕ

Најново од Вести