МАКЕДОНИЈА СЛАВИ ЗА ПОКАНАТА ВО НАТО

//

Под мотото „Одиме напред, Македонија во ЕУ и НАТО“ денеска во 15 градови низ државата ќе биде прославено добивањето на поканата за пристапни преговори за членство на Македонија во НАТО.  Прославата ја организира Владата на Република Македонија, а најавен е настап на околу 40 македонски музички ѕвезди меѓу кои Кирил Џајковски, Архангел, Дејан Декс, Дуке Бојаџиев, Горан Кан, Ферус Мустафов, Слаткар, Бени Нон Стоп + Златко Ориѓански, Ерик Фокс, Феки Ферис, Ареа, Кристина Арнаудова, Нокаут, Адријан Гаџа, Владо Јаневски, Лепи Џони, Баклава, Фолтин, Лозано, Дани Димитровска, Елена Ристовска, ДНК и др. Парите за целиот настан ќе бидат обезбедени од буџетот на Владата на Република Македонија, а сумата, што ќе биде потрошена ќе биде објавена веднаш откако ќе бидат завршени сите пресметки.  Прослави ќе има во Скопје, Битола, Велес, Гевгелија, Гостивар, Кавадарци, Охрид, Куманово, Кочани, Кичево, Прилеп, Струга, Струмица, Тетово и Штип. Во дел од градовите прославата ќе почне од 18 часот и 20 часот, а во најголемиот дел од 21 часот.



Претходна статија

КАКВА Е ОВАА СИТУАЦИЈА?

Следна статија

МАТИС: РУСИЈА ГИ ДЕСТАБИЛИЗИРА МАКЕДОНИЈА И ЦРНА ГОРА

Најново од Вести