| |

КАКВА Е ОВАА СИТУАЦИЈА?

Секретарот на партијата Граѓанско Демократска Унија, Димче Петкоски на својот Facebook профил објави:

„Изгледа малку беше чочекот во тунелот, па сега ќе се направи еден сенароден чочек. Оти сепак НАТО, е повеќе од еден автопат. Што треба да очекуваме кога официјално ќе влеземе во ЕУ и НАТО?
Прво да прославиме, а реформите и подготовките за референдумот можат да почекаат.
Граѓаните се бунтуваат, музичарите се чудат, а Владата онаа што се фалеше дека е „најтранспарентна“ си молчи.
Договорите со изведувачите ги склучиле пред еден месец кога се уште не се знаеше исходот од Брисел, а Поповски и Бошњаковски уште не пресметале колку ќе чини славењето.
Овој евтин ПР многу наликува на еден ПР од едно блиско минато.
Граѓаните сакаат подобра иднина, Граѓаните бараат правна држава, институции во кои ќе веруваат, поголеми плати, подобро образование, подобро здравство, а не прослави.“

Слични Објави