ЗАЕВ: МОЖНА СЕ ЛИДЕРСКА СРЕДБА И ПРЕДВРЕМЕНИ ИЗБОРИ
Премиерот Заев за време на стартот на изградбата на фабриката на американската компанија „Дура“ во Бунарџик, изјави дека очекува до крајот на неделава да се заокружи процесот околу датумот, прашањето и карактерот на референдумот за името. Премиерот смета дека заслужува внимание барањето на опозициската ВМРО-ДПМНЕ за предвремени парламентарни избори пред да се разговара за членството во НАТО и ЕУ, ако, како што вели, тоа го гарантира успешниот референдусмки процес. Заев додаде дека не е исклучено и свикувањето на лидерска средба, ако парламентарните партии до крајот на неделава да не постигнат договор.

