МОМЧЕ ОД ШТИП „ОПЕРИРАЛО“ ПО КУЌИ И АВТОМОБИЛИ – ЗАВРШИ ВО ПРИТВОР
24-годишниот А.М. од Штип заработи кривична пријава и притвор поради основи за сомнение дека извршил разбојништво, две тешки кражби и една кражба.
-Пријавениот кривичните дела ги сторил во периодот од 19.01. до 06.02.2021 на подрачјето на Штип, насилно влегувајќи во куќи и патнички возила, од каде одзел најразлични предмети. Инаку, во текот на 2020 година од страна на СВР Штип до ОЈО Штип, против А.М. се поднесени 9 кривични пријави за кривично дело „тешка кражба“ и една кривична пријава за кривично дело „кражба“, велат од полицијата.
