| |

Западот повикува на бришење на „Отворен Балкан“

Западот се противи на иницијативата „Отворен Балкан“на српскиот претседател Александар Вучиќ , која има за цел да го врати штетното антиевропско влијание на Белград во регионот, објави БГНЕС.

Насловната страница на денешниот број на српскиот весник „Блиц“ е посветена на регионалната иницијатива Отворен Балкан, објави косовскиот дневен весник „Коха“.

Според изданието, притисокот од Западот за бришење на оваа иницијатива расте со секој изминат ден.

Британците се најсериозните противници на иницијативата на Вучиќ, Рама и Заев“, пишува весникот.

Според Блиц, најголем притисок има врз Скопје, бидејќи актуелниот премиер Димитар Ковачевски се смета за најслаба алка по оставката на Зоран Заев.

Поранешниот премиер на РС Македонија Зоран Заев беше еден од тројцата потписници на иницијативата, која започна во Нови Сад со потписите на српскиот претседател Александар Вучиќ и албанскиот премиер Еди Рама.

Дел од договорите кои произлегуваат од иницијативата почнаа да се спроведуваат меѓу трите земји.

Регионалната иницијатива беше отфрлена од Косово, Црна Гора и Босна и Херцеговина. Овие земји го гледаат проектот како обид да се врати српското влијание од кое се ослободија, вклучително и по цена на крвавите војни предизвикани од српскиот шовинизам.

Слични Објави