МАТИС: РУСИЈА ГИ ДЕСТАБИЛИЗИРА МАКЕДОНИЈА И ЦРНА ГОРА

//

Министерот за одбрана на САД, Џејмс Матис ја обвини Русија во мешање во внатрешните работи на земјите од Југоисточна Европа, посебно во Црна Гора и Македонија, нарекувајќи го однесувањето на Москва „дестабилизирачко“.

„Рускиот фактор во регионот на Југоисточна Европа е дестабилизирачки елемент. Русија доаѓа и ги руши демократските основи на земјите кои се уште се млади во своите демократски процеси, кои беа ослободени како нации во блиското минато“, изјави Матис пред новинари во одговор на прашања за настаните во Црна Гора и Македонија. Во Загреб Матис се сретна со министрите за одбрана на земјите од Јадранската повелба. Обединувањето е основано во 2003 година од страна на Албанија, Македонија и Хрватска за олеснување на влезот на овие земји во НАТО. Во 2008 година, кон нив се приклучија Црна Гора и Босна и Херцеговина. Матис изјави дека на оваа средба ја истакнал поддршката што САД ја даваат на Југоисточна Европа.

Претходна статија

МАКЕДОНИЈА СЛАВИ ЗА ПОКАНАТА ВО НАТО

Следна статија

ДИК И РЕФЕРЕНДУМОТ ПРИОРИТЕТИ ВО СЛЕДНИОТ ПЕРИОД

Најново од Вести