| |

ДИК И РЕФЕРЕНДУМОТ ПРИОРИТЕТИ ВО СЛЕДНИОТ ПЕРИОД

Формирањето на новиот состав на Државната изборна комисија и одржувањето на референдумот се прашањата на кои во следниот период ќе бидат фокусирани политичките чинители во државата. Премиерот Зоран Заев веќе најави дека дебатата во врска со референдумот и сите прашања поврзани со него, меѓу кои и формирањето на ДИК, ќе почне кон крајот на овој месец. Според него, ДИК треба да се формира веднаш бидејќи тоа е обврска на Парламентот и на сите политички чинители во државата. Верува дека деновиве преговарачките тимови ќе успеат да ги усогласат ставовите и оти ќе нема услови што ќе имплицираат блокирање на референдумот. Доколку не се договорат преговарачките тимови, Заев не ја исклучи можноста за одржување на лидерска средба. Формирањето на ДИК, која треба да ги направи сите неопходни подготовки за референдумот, се уште е неизвесно. Референдумот е обврска од Договорот за решение за името и стратешко партнерство со Грција и е дел од внатрешните процедури кои треба да се спроведат пред полноправното членство на земјата во НАТО.



Слични Објави