| |

ШЕЌЕРНАТА ГОСПОДАРКА ОД БИХАЌКА И ТАЈНИОТ ОРТАК ОД ШАМПИТАТА

Дали некои од надлежните институции ќе ја провери веродостојноста на информациите кои се појавија на социјалните мрежи за нерасчистените должничко доверителни односи помеѓу една висока функционерка на СДСМ и исто така висок функционер на ДПМНЕ кој во свое време на владеење ја уценувал и „држел во џеб“ со кривична пријава во фиока за прикривање на данок во нивниот „семеен бизнис“? Дали во овoј случај повторно ќе нема доволно докази за криминал (се разбира доколку некој ја одмрзне „замрзнатата“ состојба), дали повторно судиите нема да видат затајување на данок, злоупотреба на службена должност, уцена, изнуда, зарем не се сите соучесници во криминалот. Дали е ова продолжение на серијалот РЕКЕТ кој остана како медиумска замена на шоу од типот на „големиот брат“, дали и ова ќе помине како и се друго во овие триесетина години и понатаму „успешно“ ќе ја водат државата?

Како-така, со помош или без, се сруши режим за да се спречат монархистичките апетити на Sir Oliver од Будимпешта со гореспоменатиот Superhik, но сега наместо една добивме две фамилии со истите намери и уште со кој знае колку меѓусебни нерасчистени должничко доверителни односи…
Намерно или не Sugar Lady се појави на едни фотографии во декорирана просторија, па веднаш потоа се раздвижи на места на кои успешно во минатото испровоцираа немили настани, исто толку случајно како заборавениот ТАТ и ред други случајности… Но секоја чест, колку што можев да видам од фотографиите и снимките на социјалните мрежи иако се работи за групирање во време на пандемија кога важат забрани и посебни мерки, се беше според препораките… заштитни маски, пропишано растојание, па дури и забрана за движење во нивна близина на лица кои не се добродојдени според протоколот. Не знам дали тоа му е поука од „забавата“ која му ја приреди група на навивачи во Скопје или континуитет на мерките на претпазливост кои ги користеше режимот кој го срушија. Како и да е се знае кај кого е „стапот” и кој кажува, сепак не е добро секој да го кажува она што го мисли кога има кој да го прави тоа.

Поучени од минатото со истите механизми по се изгледа го држат тивок „чистиот“ таканаречен лидер на опозицијата и најверојатно договорен е датумот за избори, па така и понатаму ќе си се држат, уценуваат, амнестираат се до земањето на последниот денар на граѓаните и последната педа на државата со оглед на нивните трговски способности, но сепак „најзагрижени“ се за здравјето на граѓаните кое го слушнавме безброј пати…

Автор: Благојче Трајкоски, претседател на ГДУ-Битола

Слични Објави