| |

(Галерија) Архангелова или Војничка Задушница одбележана и на бугарскиот воен меморијал во Ново Село струмичко

Панихида во спомен на бугарските војници загинати во битките за национално обединување, отслужи вчера секретарот на Струмичката митрополија отец Константин на воениот меморијал во Ново Село, Република Северна Македонија, по повод Архангелова задушница.

Домаќини на настанот беа Бугарската амбасада во Северна Македонија и Фондацијата Бугарска меморија, а за да го испочитуваат поклонението на спомен-обележјето, присуствуваа и заменик министерката за одбрана на Бугарија Катерина Граматикова, претставници на Националната гарда на Бугарија и Вишото воено-морнаричко училиште „Н. Ј.Вапцаров“, Варна, како и претставници на бугарската дипломатска мисија во Република Македонија.

Спомен-обележјето во Ново Село е обновено во 2006 година, а потоа се одржува со средства на д-р Милен Врабевски. Така, од напуштени воени гробишта истото се претвори во важно историско место, кое го посетуваат илјадници луѓе кои решиле да им оддадат почит на 71 бугарски војници закопани таму, кои ги дале своите животи во битките за национално обединување.

Заедничкото чествување на воениот споменик во Ново Село уште еднаш стана повод за средба на граѓаните од двете страни на границата, а со своето присуство оддаде почит и градоначалникот на Петрич г-дин Димитар Бручков, претседателот на Советот на општина Петрич Светла Данаилова, претставници на бугарските здруженија во Северна Македонија „Иван Михајлов“, град Битола и „Цар Борис III“, град Битола, како и ученици од средното стручно училиште за туризам и лесна индустрија „Гоце Делчев“, град Благоевград , СОУ „Димитар Благоев“, град Доспат, СОУ „Св. Климент Охридски“, село Слаштен, Обединето училиште „Христо Ботев“, село Долно Дрјаново и волонтери на здружението „Младински иницијативи „Нестос““ од градот Јакоруда.

Бугарскиот воен меморијал во Ново Село, струмичко, е споменик од национално значење за Република Бугарија и Република Северна Македонија, а иницијативата има за цел соодветно да ги одбележи настаните значајни за нашата историја и е пример за континуитет во оддавањето почит на хероите повеќе од 16 години, велат од Фондацијата Бугарска мемориja.

После поклонението во Ново Село, делегацијата отиде на гробиштата во Струмица за да им оддаде почит на бугарските херои кoи се закопани таму. Настанот заврши со официјален ручек за сите присутни како гест од д-р Милен Врабевски.

Слични Објави