| |

ВМРО-ДПМНЕ: СО ПРЕДЛОГОТ ЗА ШИРОКА ВЛАДА, ЗАЕВ КАКО ДАВЕНИК СЕ ФАЌА ЗА СЛАМКА

Во однос на прашaњето за широка владина коалиција, од опозициската ВМРО-ДПМНЕ велат дека никакви очајнички потези повеќе не му поминуваат на Зоран Заев.

„Зоран Заев е исплашен човек. Свесен дека владата му виси на конец, како давеник кој се фаќа за сламка дава предлози за широка влада, за спас на неговата политичка кариера, како и спас за најкриминалната влада“, стои во писменото соопштение од ВМРО-ДПМНЕ.

Од оваа партија додават дека на криминалецот Заев, како што го нарекуваат, треба да му е јасно дека нема да се спаси од одговорност за сите штети кои ѝ ги направи на Македонија.

„Народот сè погласно се спротивставува на хибридниот режим на СДСМ, тоа го покажуваат и последните анкети. Зоран Заев ќе доживее убедлив пораз. Исплашен од нискиот рејтинг, Зоран Заев преку дворски игри заедно со поранешни функционери на ВМРО-ДПМНЕ се обидува да се меша во ВМРО-ДПМНЕ. Никакви иницијативи позади кои се потврди дека стои директно Заев, нема да му ја спасат владата која и така едвај функционира“, наведуваат од партијата.

Според нив, крајот на политичката кариера на Зоран Заев се ближи.

„Ќе одговара и Зоран Заев и кликата околу него, ќе лежите во затвор“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Слични Објави