|

ШКОЛСКАТА ГОДИНА ОДИ КОН СВОЈОТ КРАЈ, УЧЕБНИЦИ УШТЕ НЕМА

Во општина Гостивар недостасуваат околу 10 илјади учебници во основните и средните училишта. Од секторот образование од ова општина се револтирани од односот на Министерството за образование и ненавремено снабдување на учениците со учебници, иако МОН вети дека учебниците ќе се дистрибуираат со почетокот на второто полугодие, јавува Алсат телевизија.

Од Гостивар рекоа дека денеска и официјално од МОН побарале сериозно да се позанимаваат со ова прашање, затоа што учениците губат од наставата поради оштетените учебници. Голем недостаток на книги има за петто и шесто одделение.

„Од ова најмногу губат учениците. Затоа, нашата иницијатива е да се информира јавноста за реалната состојба. Денеска официјално со сите направени анализи реагиравме до МОН и чекаме позитивен одговор, да преземат мерки и да ги снабдат со учебници во преостанатиот период“, изјави Имерлије Салиу, од секторпт за образование, на општина Гостивар

Освен Гостивар, сериозен проблем со недостаток на учебници има и во Скопје. Во многу училишта децата во една училница работат со две или три книги, а останатите прават фотокопија на книгите. Министерот Арбер Адеми не сакаше да коментира, како што рече, ниски политички изјави, иако тој самиот беше дел од политички настан, поставување на новите табли во училиштата во Чаир.

Еден ден пред почетокот на второто полугодие, министерот Арбер Адеми за Алсат рече дека дистрибуција на учебниците ќе почне првата недела од новото полугодие. Оттогаш до денеска училиштата се уште не добиле нови учебници.



Слични Објави