Во партијата на Вучиќ ја користат Бугарија за пцовки и вулгарни напади
За време на партиски собир на владејачката Српска напредна партија на претседателот Александар Вучиќ во Ниш, дошло до тепачка, но и до употребата на Бугарија за вулгарни навреди меѓу локалните лидери, пренесува БГНЕС.
За време на расправијата што настанала меѓу локалниот висок раководен кадар Милош Банџур и Марко Симов, кој е член на истата партија, Бањур му се заканувал на Симов со зборовите: Мајка ти бугарска…
Симов детално раскажал за спорот и пријавил дека го снимал нападот, но Банџур му го скршил телефонот и го удрил неколку пати. Симов се уште не одлучил дали ќе го тужи својот напаѓач за кој тврди дека „имал сексуални односи со малолетници“. Симов јавно го праша Банџур дали се сеќава дека му кажал како Александар Вучиќ го купил рускиот орден на Александар Невски, кој го добил од Владимир Путин на почетокот на 2019 година, за 3 милиони долари.
Според Банџур, целата афера е измислена од градоначалничката на Ниш Драгана Сотировска, а Симов бил само обичен извршител на наредбата.
БГНЕС потсетува дека името на Бугарија и Бугарите на јавниот простор во Србија со децении намерно и систематски се користи во негативен контекст, во секоја прилика, вклучително и од државните институции и од образовниот систем.

