КАМЕНОС ЌЕ ЈА НАПУШТИ ВЛАДАТА АКО ДОГОВОРОТ ОД ПРЕСПА ПОМИНЕ ВО МАКЕДОНСКОТО СОБРАНИЕ
Коалицискиот партнер во грчката Влада, министер за одбрана и лидер на Независни Грци, Панос Каменос, нема да чека Договорот од Преспа да стигне во грчкиот Парламент, туку штом поминат и завршат процедурите во македонското Собрание, ќе си поднесе оставка и ќе се повлече од Владата. Досега, ставот на Каменос беше дека ќе се повлече од Владата, кога Договорот од Преспа ќе стигне за ратификација во грчкиот Парламент, а не штом помине во македонското Собрание.