ЗАЕВ Е ТИПИЧЕН БУГАРСКИ ПОЛИТИЧАР- ЛАЖЕ И ГИ ИЗВРТУВА ФАКТИТЕ
Со нас е Бугарин, со Грците – Грк со Србите е Србин, а всушност е обичен мангуп, пишува Ангел Џамбаски за бугарскиот дневен весник “Стандард”.
Уште еднаш, гледаме непријатен предавнички “натпревар” на бугарска територија, одигран од диригенти на странски интереси. Повторно странски службеници, маскирани како “фили” и “фоби”, ја спроведуваат политиката на Москва и Вашингтон на штета на бугарските интереси во Македонија.
Тие срамно ја премолчуваат улогата на рускиот император во поделбата на Македонија по 1913 година, извршена од Срби и Грци, за сметка на Бугарија. Оваа поделба е проследена со наметнувањето на тешки окупаторски режими во Македонија, невидени ѕверски убиства, протерувања на свештеници, учители. Геноцид врз Бугарите во Македонија.
“Рублаџиите срамно молчат за тоа како ” македонските “нација и јазик беа наметнати како политичка агенда од Коминтерната од бугарската, српската и грчката комунистички партија за сметка на Бугарите во Македонија. А БКП, во улогата на слуга на Коминтерната, го изврши најголемото национално предавство во бугарската историја, убивајќи илјадници македонски Бугари поради нивното бугарско потекло и самосвест. Комунистите беа интернационалисти, ја измислија македонската нација, се обидоа да ја избришат и секоја бугарска трага во Македонија.
Бугарскиот интерес
А сега да им обрнеме внимание на “тие што упорно работат” за непосредното пристапување на Република Македонија во НАТО и во ЕУ. Ги споменав погоре, за нив било каква одбрана на бугарската кауза во Македонија е “руска интервенција”. А бугарскиот интерес во Македонија е само еден – јасна и безусловна заштита на правата и легитимните интереси на Бугарите во Македонија, заштита на историската вистина за бугарската историја и историски артефакти во Македонија. Ова не е руски, тоа е бугарски интерес.
Овие луѓе, ќе ги наречам условно “американофили” (всушност тие се “фили” на секој што е моментален фактор), никогаш не се интересирале од Бугарите во Македонија, од бугарската историја, од бугарските историски споменици во Македонија.
Причините за ова се неколку. Првата е нивната номенклатура од комунистичко потекло. До еден овие “американофили” се номенклатура наследници, стипендисти, храненици, на интернационалистите, само што денеска се нарекуваат “глобалисти”. Тие се подготвени да ги продадат бугарските интереси во Македонија само затоа што друг “голем брат” тоа го сака. Тоа беше порано Москва, сега е Вашингтон.
И само затоа што Москва и Вашингтон водат геополитички битки на Балканот, овие драпаат со заб и ноктите да му служат на интересот на оној кој им плаќа. Затоа е оваа тешка борба Македонија да влезе брзо во ЕУ и НАТО, а бугарските интереси – кучиња нека ги јадат.
Ако Вашингтон сака брзо да ја прифати Македонија во НАТО, му вели на Заев – “потпишуваш договор со Бугарија, ги менуваш учебниците, го запираш крадењето на историјата, признаваш заедничка историја… Така може да биде брзо. И ефикасно.
Балкански финти
Дали сме сојузници со САД во НАТО? Дали сојузниците треба да се почитуваат, да ги почитуваат и заштитуваат своите интереси? Дали ние сме сојузници само да го објавиме американскиот интерес и да го игнорираме нашиот? Каков вид на сојуз е тоа?
Американците имаат интерес за приклучување на Република Македонија во НАТО. Добро, и ние имаме. Тие ја сакаат нашата поддршка. Океј, го покануваат Заев, му ги даваат задачите, тој ги извршува и готово.
Тоа е причината вицепремиерот и лидер на ВМРО Красимир Каракачанов да обрне внимание на тековното непочитување на договорот за пријателство и добрососедство од страна на Република Македонија. Што точно прави македонската влада за исполнување на договорот? Ништо. Владата во Македонија, предводена од “балканскиот Макрон” (како што самиот си ласка) Зоран Заев, кој зазел позиција на исчекување со која се надева дека патот на Македонија кон ЕУ и НАТО ќе се отвори сам по себе, за да може да се пикне внатре, без да го заврши договорот.
Ништо повеќе. Заев и СДСМ (Социјалдемократски сојуз на Македонија) ни продаваат балкански финти. Кажуваат едно во Софија, друго во Атина, трето во Брисел, четврто во Скопје. Тие се надеваат дека ќе поминат меѓу капките. Треба да ја намалат брзината. Да направат финта и да влезат во НАТО и во ЕУ, со фалсификувана бугарска историја. Заев не е “конструктивен”. Заев, за жал, е класичен бугарски политичар, извинете за изразот. Тој лаже и ги извртува фактите. Со нас е Бугарин, со Грците – Грк со Србите – Србин, а всушност е обичен провинциски политички мангуп.
Целата колумна на потпретседателот на ВМРО, Ангел Џамбаски можете да ја прочитате овде

