|

(Видео) Родителите пред „Пирогов“: „Ви благодариме за се“

Родителите на четворицата пациенти од трагедијата во Кочани, што денеска беа отпуштени, се заблагодарија на болницата „Пирогов“ и на бугарската држава за поддршката и помошта.

„Нашите деца денеска излегуваат од болница и тука сме да им се заблагодариме на директорот Николов, проф. Аргирова и на сите лекари и вработени кои со своите човечки и професионални вештини ги лекуваат нашите деца“, рече Хуанита Соколова.

„Од се срце ви благодариме за се“, рече Борче Минов.

„Голема благодарност до сите што ни помогнаа, особено на бугарското МНР“, коментира Катица Петрова.

Слични Објави