ИНСПЕКТОРИ ЈА ЧЕШЛААТ ГРАДИНКАТА „ДЕТСКА РАДОСТ“ ВО ГЕВГЕЛИЈА

//

Откако вчера на социјалните мрежи протече видео од градинката „Детска радост“ во Гевгелија каде воспитувачката со погрдни зборови му се обраќа на дете, Министерството за труд и социјална политика веднаш излезе со реакција и порача дека ќе го расветли случајот во најкраток можен рок.

Службите за инспекциски надзор за заштита на децата при Министерството за труд и социјална политика денес експресно упатија инспектори на терен за да извршат вонреден инспекциски надзор во гевгелската градинка и при зедоа изјави од директорката и од вработените во градинката. Доколку се потврди веродостојноста на случката, сите одговорни ќе бидат веднаш санкционирани. МТСП нема да толерира било какво несоодветно однесување со децата во градинките, соопшти вчера Министерството за труд и социјална политика.

„Директорката е задолжена веднаш да се утврди правилно фактичката состојба и врз основа на тоа да се поведе постапка за утврдување на одговорност, односно ако најде докази дека со повредата на прописите е сторен прекршок, потешка повреда на работната дисциплина, неизвршување, несовесно и ненавремено извршување на работите и работните задачи или кривично дело, да поднесе барање за поведување на прекршочна постапка, иницијатива за покренување на дисциплинска постапка или пријава за сторено кривично дело, согласно член 261 став1 алинеја 2 од Законот за заштита на децата“, соопшти Министерството за труд и социјална политика.





Претходна статија

ПОЧУВСТВУВАЈТЕ ГО ДУХОТ НА ЛИСАБОН (ВИДЕО)

Следна статија

ГРАД СКОПЈЕ ЗА ПРВПАТ СЕ ВКЛУЧУВА ВО ПРОГРАМАТА ЗА ОПШТИНСКО – КОРИСНА РАБОТА

Најново од Вести