КОНЦЕРТ И ПРЕТСТАВА НА ОХРИДСКО ЛЕТО

/

Во црквата „Света Софија“ вечерва концерт ќе одржи Државниот камерен оркестар „Академија за солисти“ од Казахстан, под диригентската палка на Гудјон Емилсон од Исланд …

Во рамки на концертот како солисти ќе настапат дуото Марко Скиаво и Серџо Маркеџани од Италија на пијано и Ајман Мусакјајева од Казахстан на виолина. На програмата се дела на Едвард Григ, Леополд Кожелуч, Камиј Сен-Санс, Пабло де Сарасате, Жил Масне и Франц Ваксман.

Државниот камерен оркестар „Академија за солисти“ е водечки ансамбл во Казахстан и еден од најзначајните афирматори и промотори на казахстанската музика и традиција во светот.

На сцената на Долни сарај пак вечерва во 21 часот ќе биде одиграна театарската претстава „Девојчето со жиците“ во режија на Марјан Неќак.



Станува збор за современа драмска опера за виолинистка кој патува со воз низ Европа и преку нејзиното патување се исцртува приказната за нејзиниот живот. Во претставата настапуваат Барбара Церар, Урош Фурст и Бранко Штурбеј. Претставата е копродукциски проект на СНГ Драма Љубљана, Словенија и Подвижен Музички Театар – Битола.

 

Претходна статија

АДЕМИ: КОНТИНУИРАНО СЕ УНАПРЕДУВА ОБРАЗОВНАТА ИНФРАСТРУКТУРА

Следна статија

ИЗЛОЖБА „СКЕНДЕРБЕГ НИЗ ФОТОГРАФИИ И ДОКУМЕНТИ“ ВО КИЧЕВО

Најново од Истакнато

Потрага по идентитетот

Facebook статус на Никица Корубин Три достапни документи: Преговарачката рамка на 25 страници, Заклучоците на Советот

Ковачев: На местото на спомениците на окупаторската Црвена армија во Софија и во Пловдив да се постават споменици на Левски, Ботев, Гоце Делчев, Тодор Александров и Ванчо Михајлов

Бугарскиот европратеник од редовите на ГЕРБ-СДС Андреј Ковачев, даде интересна идеја за тоа што треба да