АПЕЛАЦИЈА ОДЛУЧУВА ЗА БАРАЊЕТО НА БОКИ 13 ДА ИЗЛЕЗЕ ОД ПРИТВОР
Апелациja одлучува по барањето на Бојан Јовановски – Боки 13 за укинување на мерката притвор. Обвинетиот во предметот „Рекет“ денеска беше донесен во судот и побара пред медиумите да го образложи своето барање за излегување од Шутка.
Бојан Јовановски изјави дека има проблеми со желудникот и со белите дробови. Терапија во притвор не примал, а пред судиите спомена дека треба да се лечи во болница.
Неговиот адвокат Сашо Дуковски изјави дека истрагата е завршена и Јовановски нема можност да ја попречува постапката, ниту пак да влијае врз сведоци. Обвинителството бара Боки 13 да остане во притвор.