Лисабон е најзападниот голем град сместен во Европа, како и најзападен главен град на европскиот континент и единствен долж Атлантскиот брег. Се наоѓа во западниот дел на Пиринејскиот Полуостров и реката Тежо.
Лисабон е признат како глобален град поради неговото значење во финансиите, трговијата, медиумите, забавата, уметноста, меѓународната трговија, образованието и туризмот. Тој е еден од главните економски центри на континентот, со растечки финансиски сектор и најголемо/второ контејнерско пристаниште во Европа на атлантскиот брег.
Лисабон е еден од најстарите градови во светот и најстар град во Западна Европа, претходејќи на другите современи европски главни градови како Лондон, Париз и Рим. Гај Јулиј Цезар го направил муниципиум наречен Фелиситас Јулија (Felicitas Julia), додавајќи му го Олисипо.
А сега за да го почувствувате духот на Лисабон погледнете го видеото направено од Алекс Соловиев: