И НИКОЛА ТОДОРОВ БЕЗ ПОЛИЦИСКО ОБЕЗБЕДУВАЊЕ
Откако МВР уште пред празниците на поранешниот прв човек на тајната полиција Сашо Мијалков му го укина полициското обезбедување, следен на листата се најде ексминистерот за здравство, Никола Тодоров, потврдуваат извори од Mинистерството.
Тодоров обезбедувањето го доби откако дедото на малата Тамара, Љупчо Стојановски, пукаше во него пред зградата на Министерството за здравство. Никола Тодоров како ексминистер користеше обезбедување нешто повеќе од една година. Безбедносната мерка за него стапи на сила во јуни 2017 година.
Последните два месецa повторно се разгледуваат безбедносните проценки за сите кои досега користеле полициско обезбедување. За најголемиот дел од поранешните функционери кои останаа без обезбедување е оценето дека нема опасност по нивните животи.
