(Видео) Богојавление во Чикаго- живата бугарска традиција кај езерото Мичиген
Уште една година ja имав чест да бидам сведок на едно навистина инспиративно случување. Речиси 20 храбри мажи се фрлија во ледените води на езерото Мичиген за да го спасат Богојавленскиот крст. Ова на социјалната мрежа Facebook го објави генералниот конзул на Бугарија во Чикаго Светослав Станков.
Во својата објава Станков ја информираше јавноста дека годинава за првпат од многу време ритуалот фрлање на Богојавленскиот крст бил воден од двајца бугарски свештеници од двете бугарски цркви во Чикаго: отецот Иван од црквата „Св. Софија“ и отецот Кирил од црквата „Св. Иван Рилски“.
Богојавленскиот крст го фатил Михаил од Бургас. Во име на Генералниот конзулат на Република Бугарија во Чикаго, генералниот конзул Станков му подарил икона на Михаил – како знак на благодарност, благослов и духовна врска со Татковината.
„Честитки до сите учесници и до сите Бугари кои дојдоа за заедно да ја одбележиме традицијата и јасно да ги потврдиме нашите бугарски корени, вера и идентитет, дури и далеку од Бугарија. Честит празник на сите што слават именден!
Нека ги носат своите имиња со здравје, сила и чест, а нивните домови нека бидат исполнети со мир, благодат и Божја заштита. Богојавление е празник на светлината – кога верата се фрла во студот за да ја извади надежта“, стои во објавата на генералниот конзул на Бугарија во Чикаго, Светослав Станков.
