| | |

(Видео) Одбележуваме 88 години од смртта на подполковник Александар Морфов- автор на Маршот на македонските востаници „Изгреј зора на свободата“

На денешен ден 19 април 1934 г. во Софија умира Александар Морфов, бугарски композитор и поет. Тој е автор на Маршот на македонските востаници „Изгреј зора на свободата“, изработена во 1923 г. по барање на водачот на ВМРО Тодор Александров.

„Изгреј зора на свободата“ е химна на ВМРО, што била интонирана и на првото заседание на АСНОМ. Маршот е забранет во НР Македонија во 1948 г.

Морфов е роден на 13 јануари 1880 г. во Стара Загора. Учел гимназија во католичкото школо во Одрин каде научил да свири на флејта, а во 1902 година завршува воено образование во Софија. Учествувал во Балканските војни и во Првата светска војна. Во 1922 г. оди во резерва со офицерско звање подполковник.

Слични Објави