| |

За Мадуро во Северна Македонија жалат само корисниците на неговите трансфери низ банкарскиот систем согласно аферата “Евростандард банка”

Ивон Величковски

Мадуровите евра се плод на неговиот авторитарен, нарко-коруптивен режим вмрежен во влијанијата и интересите на Русија, Кина и Иран и во оваа и во други земји од Централна и Јужна Америка. Нивното движење коинцидира со обидите овие влијанија и интереси да најдат потпорна точка и на Балканот и во РС Македонија. Затоа останува потребно да се дознае и во која банка во Србија се останати шесте милиони мадурови евра кои не биле трансферирани кај нас.

За да се соочиме со ризиците и носителите на влијанијата на Русија, Кина и Иран финансирани со “венецуелската врска” во банкарскиот систем на Северна Македонија и од него во партиите, медиумите и институциите, да упатам конкретен повик:

До Тошковски, МВР да ја рестартира истрагата за “Евростандард Банка”. Таа е започната во мандат на Спасовски – и практично е запрена. Наодите на Драго Кос ќе и бидат од корист. До Славески, НБРСМ да истражи и објасни зошто “Евростандард” беше затворена од централната банка иако пред тоа имаше други расположливи механизми. Во спротивно – и тогашните и сегашните раководители на овие институции и самите влади во овие мандати ќе се соучесници во прикривање на “венецуелската врска” и влијанијата што таа ги покрива и финансира.

Штом се отворат овие прашања, нашите медиуми, “експертите”, грант-граѓанистите и партиите ќе се “сетат” дека:

За Мадуро судот во Њујорк веќе има донесено пресуда по друго обвинение, РС Македонија и западните држави не го признаваат неговиот режим инсталиран со фалсификувани избори уште од 2018, САД долго време укажува дека Венецуела е еден од носителите на малигните влијанија на Русија, Кина и Иран во Централна и ЈужнаАмерика (присутни и кај нас),

Интересот на САД е за нафтата. А Русија, Кина и Иран се заинтересирани за туристичката понуда на Венецуела?

Тука е и клучната разлика меѓу приведувањето на Мадуро во САД, при што се инсистира на воспоставување домашна легитимна власт во Венецуела и агресијата на Русија врз Украина која инсистира на бришење на територијалниот суверенитет на земјата. Затоа нашата поддршка е за апсењето на Мадуро е недвосмислена. И, како и многу наши позиции до сега, ќе наиде на противење од корисниците на “венецуелската врска” чии пипци одат во олигархијата и банките и од таму во партиите и медиумите.



Слични Објави