| |

Зеленски во Вашингтон на средба со Трамп за испорака на оружје, вклучувајќи „Томахок“ ракети

Украинскиот претседател Володимир Зеленски пристигна во Вашингтон на разговори со американскиот претседател Доналд Трамп во врска со испораките на оружје, меѓу кои и далекубојните ракети „Томахок“. Веста ја потврди извор од украинската делегација за агенцијата АФП, јавува БГНЕС.

Анонимен претставник од делегацијата на Зеленски го потврди пристигнувањето, но не даде дополнителни детали за агендата на средбата.

Претходно денес, претседателот Трамп имаше телефонски разговор со рускиот претседател Владимир Путин, кој изјави дека евентуалната испорака на „Томахок“ ракети ќе го загрози секое можност за постигнување мирен договор меѓу Москва и Киев.

Претседателот на САД, Доналд Трамп, изјави дека ќе се сретне со својот руски колега Владимир Путин во Будимпешта. Републиканецот не наведе конкретен датум за средбата во унгарската престолнина, која ќе биде нивна втора откако Трамп се врати на претседателската функција. Двајцата се сретнаа претходно во Алјаска во август, но тогаш не беше постигнат пробив во однос на запирањето на руската инвазија врз Украина.



Слични Објави