МЕКСИКО ЈА ОДОБРИ ВАКЦИНАТА НА ФАЈЗЕР

Мексико стана четврта земја што одобри употреба на вакцини против covid-19 од Pfizer и BioNTech откако здравствениот регулатор Cofepris даде зелено светло, објавија мексиканските власти.

loading...

„Кофеприс одобри итна употреба на вакцините на Pfizer и BioNTech”, рече заменик-министерот за здравство Уго Лопез-Гател на прес-конференција. „Тоа е причина за надеж“, додаде тој.

Вакцината Pfizer / BioNTech беше одобрена од Велика Британија, Канада и Бахреин пред Мексико, а подоцна и од САД. Мексиканската влада нарача 34,4 милиони дози вакцина од „Фајзер“, а првите пратки треба да пристигнат веќе овој месец.

loading...