Официјално: Бугарија ќе учествува на новиот светски тениски турнир „United Cup“

//

Бугарија ќе учествува во дебитантското издание на новиот светски тениски турнир за мешани тимови – „United Cup“ во Австралија, објави официјалната веб-страница на бугарската тениска федерација. Бугарија доби една од последните две квоти за турнирот со кој ќе се отвори сезоната 2023 во професионалните конкуренции на машката (ATP) и женската (WТА) асоцијации.

Првиот заеднички натпревар на двете организации ќе се одржи од 29-ти декември до 8-ми јануари со учество на вкупно 18 тимови. Првите 16 од нив беа објавени на 10-ти ноември врз основа на позициите на првите рекети на соодветните нации во машката и женската индивидуална ранг-листа, како и од комбинираните ATP и WТА рангирања. Бугарскиот тим го заслужи своето учество благодарение на 28-то место на Григор Димитров на АТP листата.

Во секој тим ќе има по три или четири тенисери од АТП и ВТА, а натпреварите ќе се решаваат во пет меча – два машки, два женски и една мешана двојка.

Во тимот на Бугарија освен Димитров са пријавени Димитар Кузманов (195), Адриан Андреев (207), Александaр Лазаров (277), Викторија Томова (90), Изабела Шиникова (286) и Гергана Топалова (321).
Бугарија ќе биде дел од групата „А“ во Перт, во која се и селекциите на Грција (со Стефанос Циципас и Марија Сакари) и Белгија (со Давид Гофен и Елизе Мертенс). Според прелиминарната програма, на отворањето на 29-ти декември противник на бугарските тенисери ќе им бидат Грците, што значи ѕвездена пресметка меѓу Димитров и Циципас.

Турнирот има награден фонд од 15 милиони долари и ќе донесе бодови за рангирањето на АТП и ВТА поединечно.





Претходна статија

Таравари: Нема преговори за влез во Владата

Следна статија

Грција ги привлекува дигиталните номади

Најново од Вести