Кадети од неколку европски земји на обука во Високото военоморско училиште во Варна
Кадети од Грција, Романија, Италија, Нидерландија и Украина се на обука во Високото военоморско училиште (ВВМУ) во Варна, соопштија од Морската академија. Тие учествуваат во програмата Blended Intensive Programmes (BIP), јавува БТА.
Обуката опфаќа академски знаења и практични вештини преку предавања, работа со симулатори, лабораториски посети и тематски семинари. „Главната цел на BIP е да го поттикне меѓународната академска соработка, размената на добри практики и иновации во поморското образование“, посочуваат од академијата.
Оттаму додаваат дека ова е втора група учесници што ја пречекува училиштето. Првата група пристигнала на 9 март, со студенти од Грција, Романија, Украина, Португалија и Словачка.

