|

ПАЛМЕР СО ПОДДРШКА ЗА ГРЦИЈА: ТИЕ ИМААТ ПРАВО ДА ГИ БРАНАТ СВОИТЕ ГРАНИЦИ

Грција има право да ги брани нејзините граници, тоа е апсолутно логична позиција. Тоа е обврска и одговорност на секоја држава, рекол заменик помошникот државен секретар на САД за Европа и Евроазија Метју Палмер за време на настан организиран во Атина од „Делфи економскиот форум”, пренесе грчката новинска агенција АНА-МПА.

Палмер изразил поддршка за Грција и ја поздравил одлуката на ЕУ да ѝ помогнме на земјата.

Ова што во овој момент се случува на границата меѓу Грција и Турција истакнува колку е кревка ситуацијата. Грција може да се потпре на пријателството, поддршката и односите со САД, рекол Палмер.

Палмер истакнал дека Соединетите амрикански држави би сакале и понатаму да постојат канали на комуникации меѓу Грција и Турција, а „САД ќе сторат сѐ што можат за да се избегне било каков сериозен инциидент и да се избегне тензија”.



Слични Објави