|

ПАЛМЕР НЕ САКА ДА ПРОГНОЗИРА КАКВА БИ БИЛА ПОЛИТИКАТА НА ВМРО-ДПМНЕ ПО ПРОМЕНА НА ВЛАСТА ВО ОДНОС НА ПРЕСПАНСКИОТ ДОГОВОР

Имплементацијата на Преспанскиот договор е клуч за прогресот на Македонија кон НАТО и кон Европската Унија и овие нешта се испреплетени и взаемно се поддржуваат и зајакнуваат, изјави Метју Палмер, специјален претставник на САД за регионот на Западен Балкан, во интервју за „Вол Стрит Журнал“.

„Не би сакал да предвидувам што би била политиката на ВМРО-ДПМНЕ при промена на власта во Македонија, но можам да кажам што ќе направат Обединетите нации… Нашата поддршка за Преспанскиот договор и негова имплементација ќе продолжи, како и поддршката за земјата на патот кон членство во Европската Унија – рече Палмер.



Слични Објави