АДВОКАТ НА КРИМИНАЛОТ: ЗАЕВ Е ГЛАВАТА ВО РЕКЕТ И КАЈ НЕГО ЗАВРШИЈА ПАРИТЕ, А ТОЈ СЕ ПАЗАРИ И ГО ДОНЕСЕ МИЈАЛКОВ СО ЦРН ВЛАДИН „ПАСАТ“ ВО ЈО

Единствен кој го брани криминалот на Сашо Мијалков е Зоран Заев. Тој се договори со Мијалков да создава вештачка криза во ВМРО, и три години не смееше да го спомне во соопштение. Зоран Заев со црн владин пасат го донесе до ЈО.

loading...

Ова се истакнува во денешното соопштение од ВРМО-ДПМНЕ, кое го пренесуваме во целост:

Заев првин распиша потерници по Мијалков, за во една минута да ги симне. Заев се пазари со Мијалков на секој чекор и тоа го знаат и во СДСМ и сите граѓани.

На народот му се гади од превртливоста и криминогеноста на Заев.

Заев е главата и во „Рекет“. Бојан Јовановски кој сите го видовме како ја носи торбата полна со милиони, кажа дека истата завршила кај Зоран и Вице Заев, а ЈО не се охрабри ниту да ги повика на разговор.

Заев е премиер кој во чие време се случија два криминали од половина милијарда евра. На Заев му се случи пропаѓање на банка, во која се испумпувале кредити без покритие од негови блиски фирми, но и ШИК ЈЕЛАК.



loading...

Со Заев добивме само криминал, а ЈО молчи. Нема истрага за ниту еден криминал на бандата на власт.

Сојуз со ваква криминална банда како СДСМ со Заев нема и не може да има.

СДСМ и Зоран Заев мора да одговараат за сите злоупотреби.

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ