ПЛОШТАД ВО СОФИЈА ЌЕ ГО НОСИ ИМЕТО НА ГОЛЕМИОТ ПРИЈАТЕЛ НА МАКЕДОНИЈА- Д-Р ЖЕЛЈУ ЖЕЛЕВ

Во Софија ќе има плоштад што ќе го носи името на првиот демократски избран претседател на Бугарија и голем пријател на РС Македонија- д-р Желју Желев.

loading...

Плоштадот се наоѓа недалеку од седиштето на Претседателот во пространството меѓу ул. „Московска“, плоштадот „Александар I“ и зградата на парламентот.

Д-р Желев беше претседател на Бугарија од 1 август 1990 до 22 јануари 1997 г. Во негово време Бугарија стана првата земја што ја призна независноста на Република Македонија, а самиот тој беше најголем лобист за признавањето на Македонија од страна на останатиот демократски свет.



loading...

Желев е роден на 3 март 1935 г, а почина на 30 јануари 2015 г.