АФРИМ ГАШИ: „МИНИ-ШЕНГЕН“ НЕ МОЖЕ ДА БИДЕ ЗАМЕНА ЗА ЕУ

Лидерот на партијата Алтернатива, Африм Гаши, во интервју за бугарската агенција БГНЕС изјави дека идејата на Белград „Мини-Шенген“ не може по никаков начин да ја замени европската перспектива и подвлече дека за Македонија е од стратешко значење поврзувањето на Црното со Јадранското море.

loading...

„Предлогот на Белград „Мини-Шенген“ е многу мала идеја која не може да се споредува со процесот на евро-интеграција. За РС Македонија од стратешко значење е да се поврзат Црното и Јадранското море и да развива економска и културна соработка со Бугарија. За нас е многу важна хоризонталната оска а не вертикалната Белград- Атина“, вели во интервју за БГНЕС лидерот на партијата Алтернатива, Африм Гаши.



loading...

Што уште кажа првиот човек на Алтернатива погледнете во видеото што следи: