ЦИК регистрираше 8 партии и 24 иницијативни комитети за претседателските избори во Бугарија
Централната изборна комисија (ЦИК) на Бугарија регистрира 24 иницијативни комитети и 8 партии што поднеле пријави за учество на претседателските избори на 25 октомври, јавува БНР.
Партиите заедно со иницијативните комитети, треба да предложат кандидати за претседател и потпретседател кои ќе ги исполнуваат законските услови и ќе добијат регистрација од ЦИК.
Конечните кандидатски листи ќе бидат познати на 22 септември.
