Д-р Милен Врабевски доби почесна плакета „Современ будител“ во Благоевград
Бугарскиот бизнисмен и филантроп д-р Милен Врабевски ја доби почесната плакета ,,Современ будител” заради неговиот долгогодишен придонес кон развојот на професионалната гимназија за туризам и лесна индустрија ,,Гоце Делчев ” во Благоевград и неговиот целосен придонес кон бугарското образование.

Наградувањето на д-р Милен Врабевски е дел од чествувањата по повод Денот на народните будители, а самата награда му беше врачена од директорката на училиштето г-ѓа Димитрина Иванова. Таа изрази благодарност кон бугарскиот бизнисмен, филантроп и мецена а исто така и кон фондацијата ,, Бугарска меморија” за помошта што тие ја даваат и ја давале за училиштето низ годините.

Во 2018 година д-р Врабевски и неговата фондација го опремиле првиот компјутерски кабинет во гимназијата, со 26 компјутери, 6 лаптопи, неколку принтери и подариле голем број примероци од училишното помагало по историја ,, Мојата Бугарија “, создадено по идеја на д-р Врабевски и реализирано од едни од најавторитетните бугарски историчари.

,,Секогаш ќе има луѓе што ќе бидат против нашиот стремеж кон непрекинат развој, но нашата надеж е во вас мили деца, бидејќи во вашите погледи ја гледам онаа длабочина која понатаму ќе ја роди правилната насока кон која сите се стремиме. Таа насока на развој и непрекинато додавање вредност кон општеството и неговиот прогрес е карактерна за целата ЕУ и ние треба да бидеме пример во тој однос. Сакам да ѝ се заблагодарам на г-ѓа Иванова за нашите заеднички иницијативи и се надевам дека повторно ќе се видиме на Воениот меморијал во Ново Село РС Македонија, каде на 5 ноември ќе го одбележиме заедно со нашите браќа од таму, денот Голема задушница во знак на почит кон војниците што загинале во борбите за национално обединување”, изјави пред учениците д-р Врабевски по добивањето на плакетата.
На настанот како специјални гости присуствуваа и директори на училишта од главниот град на РС Македонија Скопје.

,,Сакам да ги поканам од мое име и од името на г-ѓа Иванова, нашите пријатели директорите на неколку училишта од Скопје. Добре дојдовте пријатели, можете да започнете заедничка работа со нас, за да видите дека имаме добри намери и за да учествуваме заедно во кариерниот развој на децата од двете страни на границата”, изјави д-р Врабевски.

За време на својата посета првиот човек на фондацијата ,,Бугарска меморија” го посети кабинетот по информатика што го опремил самиот тој, училишната библиотека, образовните заболекарски кабинет и фризерски салон, салата за графички маркетинг и ресторанот на училиштето каде што учениците од струката „Готварство“ имаа подготвено различни деликатесни јадења за своите гости.

