|

(Видео) Стојчевски: Распишете референдум, младите сами да одлучат за својата иднина

Трајче Стојчевски, претседател на СДММ, ја повика владата да распише референдум за членството во Европската унија.

„Владата на Мицкоски не може да се вади сo тоа дека нема пари за референдум на кој младите, треба да одлучат за својата иднина. Ние со месеци наназад предупредуваме дека во буџетот нема пари – дека сè е потрошено на криминални тендери за полнење на џебовите на криминалната група ВМРО. Ние младите не прифаќаме таков изговор. Кога има пари за тендери, за нов авион и за луксузен живот на Мицкоски и неговата криминална група – мора да има пари и за одлука за судбината на младите, на државата и на сите граѓани. Мицкоски вели „ќе ја платиме цената“ и дека треба да чекаме со децении за членство“, рече тој.

Според него, најскапа цена ќе платат младите кои ќе продолжат да се иселуваат.

„Македонија ќе остане без млади, без народ, без иднина. Камен на камен нема да остане. Младите не сакаат Мицкоски да одлучува во нивно име, да им ја крои капатата а со тоа и иднината во заглавена и изолирана земја. Младите сакаат самите да одлучат во каква држава ќе живеат“, рече Стојчевски.

 

Слични Објави