|

КОМИСИЈАТА ЗА ИЗБОРИ И ИМЕНУВАЊА ЌЕ ПРЕДЛОЖИ РАЗРЕШУВАЊЕ НА КАТИЦА ЈАНЕВА

Комисијата за избори и именувања едногласно и без дебата донесе заклучок да му предложи на Собранието да ја разреши специјалната јавна обвинителка Катица Јанева, која е осомничена за случајот „Рекет“, јавува Фокус.

Одлуката е донесена врз основа на извештајот на Советот на јавни обвинители за разрешување на Јанева поради нестручно и несовесно работење.

Залучокот на Комисијата ќе биде доставен до претседателот на Собранието, Талат Џафери, кој треба да свика пленарна седница за разрешувањето на Јанева.

Слични Објави