| |

Грчки екстремисти против продавањето имоти на бугарски државјани во Беломорието

Претседателот на крајно десничарската популистичка партија „Грчко решение“, Кирјак Велопулос, од парламентарната говорница на грчкиот парламент, го обвини александруполскиот митрополит Антим дека митрополијата продава имоти кои ѝ биле оставени на црквата на бугарски граѓани, пишува во свој материјал БГНЕС.

Грчкиот политичар го оценува ваквото однесување како „антинационално“ во регион што се наоѓа во непосредна близина на Бугарија и Турција. Во своја одбрана, митрополитот објасни дека се почитувани сите процедури и за возврат го обвини Велопулос дека шири омраза и дека со своите постапки ѝ служи на Русија.

По укинувањето на бариерите и границите, благодарение на тоа што и Бугарија и Грција се членки на Европската унија, Бугарите се вратија во Беломорието, но не со тенкови, туку со модерни западни автомобили и бизниси, а од почетокот на оваа година и со заедничката валута — еврото, стои во материјалот на БГНЕС.

Слични Објави