Во Кинотека на Македонија се одржа осмото издание на Меѓународниот фестивал на етнографски филм ЕТНОФФ

///

На 25.09.2022 во Кинотека на Македонија се одржа осмото издание на Меѓународниот фестивал на етнографски филм – ЕТНОФФ, поддржан од Агенцијата за филм на Македонија и Град Скопје. Во врска со настанот, стапивме во контакт со еден од организаторите на фестивалот Кристина Паскоска, дипломиран етнограф, антрополог, блогер и фотограф.

„Програмата на овогодинешниот фестивал ни ја збогатија 14 етнографски филмови, од кои десет се од различни земји (Непал, Таџикистан, Исланд, Англија, Украина, Босна и Херцеговина, Шпанија Португалија, Хрватска, Того, ) а останатите четири се македонски производ од нашата минатогодишна работилница за визуелна антропологија која традиционално во рамки на фестивалот ја организираме“, изјави Паскоска за нашиот медиум.

На Фестивалот присуствуваа околу триесеттина посетители, меѓу нив и дел од авторите на филмовите, каде што по прикажувањето на нивните филмови се одржа Q&A (прашања и одговори) упатени кон нив.

„Крајот го краси делото! Јаготката на шлагот, беа коктелот и мелозвучниот настап на Чалгии Мерак со кои го затворивме фестивалот. Тие се вистински мелем за душа, или мекам како јас што милувам да кажам. Поминавме интересно, возбудливо, а догодина уште подобро“, вели Паскоска.





Претходна статија

Бектеши: Рудници, казина и банки нема да бидат поддржани, а угостители и хотелиери да

Следна статија

Ламбе Алабаковски осуден на шест месеци условно за палењето на културниот клуб „Иван Михајлов“ во Битола

Најново од Вести