|

Започна повлекувањето на Кока-Кола во продавниците во Хрватска

Кока-кола почна да се повлекува од хрватските продавници. Државниот инспекторат во Хрватска нареди да се повлечат одредени серии Кока-Кола (оригинален вкус) во пластично пакување од 0,5 литри и „ромеркеле“ 330 милилитри во стаклена амбалажа.

Последователно се огласи и Кока-Кола. Од таму објавија точно која серија пијалоци Кока-Кола и „ромеркеле“ се повлекува, објавија хрватските медиуми.

„Привремено повлекуваме една серија „Кока-Кола оригинален вкус“ 500 мл во пластична амбалажа од пазарот согласно усната одлука на Државниот инспекторат на Република Хрватска, серијата производи „Кока-Кола оригинален вкус“, газиран безалкохолен пијалак, 500 мл пластично пакување, произведен на 11 октомври 2023 година со рок на траење до 11 април 2024 година.

Иако нашата интерна анализа не покажа неправилности во производството или во производите, решивме и привремено да повлечеме две ограничени серии „Romerquelle Emotion Blueberry Pomegranate“ 330ml во стаклена амбалажа до завршување на официјалната истрага. Станува збор за серии произведени на 27 мај 2023 година (со рок на траење до февруари 2024 година) и 22 јуни 2023 година (со рок на траење до март 2024 година)“.

Слични Објави