СДСМ: Блокираната сметка на НОБ е оставена од Дурловски и кадрите на ВМРО-ДПМНЕ од 2012 и 2013 година

/

Од владејачката СДСМ велат дека блокираната сметка на НОБ е оставена од Дурловски и кадрите на ВМРО-ДПМНЕ од 2012 и 2013 година

„Огромни долгови, натрупувани со години од погрешно управување со НОБ на Дурловски и кадрите на ВМРО-ДПМНЕ во 2012 и 2013 година се изворот на проблем кошто тие го имаат создадено.

Долговорите на НОБ не се струја туку за ненаплтени побарувања, нерелизирани барања од различни фирми и поединци кои биле ангажрани а не им било платено.

Токму заради огромните долгови на Дурловски и кадрите на ВМРО-ДПМНЕ спроведено е извршно решение и блокирана е сметата на НОБ.
Од овие причии со блокирана сметка оваа национална установа не можела да ја подмири сметката за струја.



Иако, единствен период во којшто заостанатите долгови се намалени е периодот во кој со оваа институција раководи актуелниот директор.

Надлежните институции ќе пронајдат соодветно решение за новонастанатата ситуација.

Но, последни кои имаат образ да зборуваат за овој долг е оние кои го направија, ВМРО-ДПМНЕ, Дурловски и нивните кадри“, велат од СДСМ.

Претходна статија

Вo четврток ќе биде прогласена кризна состојба во енергетиката

Следна статија

Млад велешанец ќе одговара за поседување на марихуана

Најново од Вести