(Галерија) Во БКИЦ-Скопје беше претставена енциклопедијата „Тракија“
Во Бугарскиот културно-информативен центар (БКИЦ) во Скопје денеска беше претставена енциклопедијата „Тракија“ – научно издание подготвено од Сојузот на тракиските друштва во Бугарија и Тракискиот научен институт.
Во настанот зедоа учество авторите на овој научен труд и претставници на Сојузот на тракиските друштва во Бугарија и Тракискиот научен институт.
.„Се надевам дека со заемна љубов и почит ќе успеем да ги приближиме нашите два народа кон една добра соработка, кон една меѓусебна врска и кон иднината на нашите поколенија“, изјави претседателот на тракиските друштва во Бугарија, Красимир Премјанов и им се заблагодари на бугарскиот амбасадор во Скопје, Жељазко Радуков, на директорката на Бугарскиот културно-информативен центар, Антонија Велева и на генералниот конзул на Бугарија во Битола, Никола Димитров, за нивното присуство на настанот.
Историчарот и публицист Стојан Рајчевски потсети како во 1994 година, во својство на член на комисијата за култура на Бугарскиот парламент, дошол во Скопје за основање на првото друштво за пријателство меѓу Република Македонија и Бугарија.
„Бидете сигурни дека вештачката интелигенција нема да може да замени некои работи од историјата на тракиските Бугари, бидејќи таа веќе е заведена во овие два тома. Моите сеќавања од вашиот убав град ме враќаат во далечната 1994 година, кога дојдов овде како член на комисијата за култура на Бугарскиот парламент за да го создадеме првото друштво за пријателство меѓу Република Македонија и Бугарија. Поминаа многу години, а денес гледам колку се промениле двете земји, колку се промениле луѓето и каков долг пат е поминат“, рече Рајчевски.
Проф. Светлозар Елдаров истакна дека Македонија и Одринска Тракија се нераскинливо поврзани со заедничката историја и херои.
„Скопје е местото каде што треба да се претстави оваа енциклопедија, зашто оној кој ќе има можност да ја прелиста, ќе се уведи дека голем дел од неа всушност е македонско-одринска историја, бидејќи така се викаат и голем дел од друштвата и организациите кои ги обединувале луѓето тогаш“, рече Елдаров и како примери ги даде Внатрешната македонско-одринска револуционерна организација (ВМОРО) и Врховниот македонско-одрински комитет.
„Многу е тешко за периодот од 1878 година до војните за национално обединување да се прекине оваа врска меѓу Македонија и Одринска Тракија. На пример, една од статиите, чиј автор сум јас, е посветена на Гоце Делчев, и во неа го истакнувам неговиот придонес за развојот на револуционерното движење во Одринска Тракија, поради што и тракиските Бугари го сметаат за свој национален херој“, додаде професорот.
Двата тома на енциклопедијата „Тракија“ се издадени во периодот 2022-2024 г. Редакциониот одбор на Енциклопедијата ги вклучува истакнатите бугарски научници: акад. Георги Марков, чл.-кор. проф. Васил Проданов, чл.-кор. проф. Иван Гранитски, чл.-кор. проф. Георги Михов, проф. Стати Статев, проф. д-р Иван Маразов, доц. Геновева Михова
Автори на енциклопедиските статии се научници од Бугарската академија на науките и Тракискиот научен институт, меѓу кои: проф. Светлозар Елд’ров, проф. Борjaна Бужашка, доц. Ванja Стојанова, д-р Ванја Иванова, Стојан Рајчевски, доц. д-р Валентина Ганева-Рајчева, доц. д-р Наталија Рашкова, доц. д-р Георги Митринов и други.
Првиот том ги опфаќа: бугарското национално движење во Тракија од Преродбата до денес, организационите форми на движењето, промените во целите, клучните личности и учесници во овој процес.
Вториот том ги презентира: етнографијата и фолклорот на тракиските Бугари, јазичните особености, традиционалните занимања, народните носии, обичаите, традиционалната архитектура, читалиштата и фолклорните ансамбли, учеството на национални и регионални тракиски фолклорни фестивали.