| |

Настан „Вкусот на Бугарија“ ќе се одржи денеска во Синсинати

Асоцијацијата на Бугарите во Синсинати, САД, денеска, 11 јануари, учествува на настан посветен на претставувањето на различни држави, ширум светот, соопшти здружението преку својата официјална страница на Фејсбук, пренесува БТА.

Настанот посветен на Бугарија и насловен „Вкусот на Бугарија“, ќе се одржи на адреса 3412 Clifton Ave во Синсинати.

„Настанот има семеен карактер и нуди возбудливо патување низ шесте главни фолклорни региони на Бугарија, претставени преку традиционална музика и танци. По фолклорната програма, посетителите ќе можат да ја вкусат и домашно подготвената бугарска кујна“, информираат организаторите од Центарот за култура и уметности „Клифтон“.

Асоцијацијата на Бугарите во Синсинати има за цел да организира хуманитарни, образовни и културни активности за промоција на бугарското наследство и култура. Кон неа функционира и Бугарското училиште „Родољубие“, а од 2023 година здружението издава и свој онлајн медиум – весникот „Смесена китка“.

Слични Објави