Ќе се одземаат бугарските пасоши на лицата кои ја навредуваат Бугарија и шират говор на омраза
Бугарското министерство за надворешни работи даде предлог да се одзема бугарското државјанство на лицата што добиле бугарски пасоши и си дозволуваат навредливи квалификации или говор на омраза кон Бугарија, бугарскиот народ и бугарските институции, јавува бугарскиот дневен весник 24 Часа.
,, Добивањето на државјанство по натурализација ги предвидува и следните задолженија: Чување на бугарските закони, почит кон Бугарија и нејзините национални симболи и институции.
Секоја форма или појава на омраза, нетрпеливост и агресија кон бугарската држава, нејзини граѓани или бугарски заедници во странство, е недозволена и претпоставува отсуство на чувство на припадност кон бугарската држава”, велат од МНР на Бугарија во нивниот предлог за промени во законот за бугарско државјанство.
Во однос на говорот на омраза најголеми проблеми Бугарија има со РС Македонија, пишуваат од 24 Часа. Но и покрај тоа граѓаните на РС Македонија се на првите места во барањата за бугарски пасоши. Според податоци на Министерството за правда на Р. Бугарија, од 2001 до 2022 година, врз основ на бугарско потекло, државјанство побарале 129 382 државјани на РС Македонија. 99 340 од кандидатите веќе добиле бугарски државјанства .