|

СДСМ: За една година ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски направија хаос во Скопје

Центар за комуникации на СДСМ

Христијан Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ за една година направија хаос во Скопје. Го доведоа градот до колапс, со блокирани сообраќајници, нефункционални институции, а тие наместо да работат за граѓаните се караат за провизии и тендери, за тоа чии раце да бидат во медот.

Од големите ветувања на ВМРО-ДПМНЕ на локалните избори и нивната кандидатка за градоначалничка Данела Арсовска нема ништо.

Реализацијата на проектите за модерно Скопје е нула, а истовремено се запрени, прекинати, укинати започнатите проекти како Бас рапид транзит, реконструкцијата на Универзална сала, изградбата на мостот на Љубљанска, клучката кај Момин поток и ред други.

Со менаџерските способности на „најдобрата менаџерка во Европа“, како што Арсовска се самопрогласи пред една година и мнозинството во Советот од ВМРО-ДПМНЕ големото ветување за бесплатен јавен превоз се претвори во нефункционален јавен превоз и блокади по крстосниците, штрајк на приватните превозници, намалена фреквенција на линиите, преполни постојки и автобуси.

Нема еколошки автобуси, ЈСП тоне во долгови, им должи на приватните превозници 1,5 милиони евра, а истовремено склучува штетен договор со приватна компанија за купување гориво по цена повисока од реалната.

Скопје денес е киднапиран град на лажните ветувања на Данела Арсовска и ВМРО-ДПМНЕ, кои за една година направија хаос во Скопје.

Граѓаните не заслужуваат неодговорна и неспособна локална власт во Скопје.

Слични Објави