| |

Над 20 универзитети и организации ќе учествуваат на образовен саем во Благоевград

Повеќе од 20 универзитети и организации ќе учествуваат на „Панорама на универзитетите – 2026“, што ќе се одржи на 17 ноември од 11 часот во салата „Орфеј“, во паркот „Македонија“ во Благоевград, Бугарија, јавува Пиринско.

Настанот ќе им овозможи на учениците и идните студенти директно да разговараат со претставници на високообразовните установи и да добијат информации за студиските програми, условите за пријавување и можностите за професионален развој.

Меѓу учесниците се Југозападниот универзитет „Неофит Рилски“, Американскиот универзитет во Бугарија, Софискиот универзитет „Св. Климент Охридски“, Нов бугарски универзитет и Техничкиот универзитет во Софија.

Специјална гостинка ќе биде олимписката шампионка во бокс од Токио 2020, Стојка Крстева. Како предавач и претставник на Националната спортска академија „Васил Левски“, таа ќе ги претстави можностите за образование и спортска кариера во Академијата.

Бирото за труд во Благоевград ќе ги претстави програмите „Младинско вработување +“, за млади од 18 до 29 години, и „Младински практики“, за ученици и млади од 16 до 29 години.

Организатори се Општина Благоевград и Центарот за личен и креативен развој на децата во Благоевград, во соработка со „Кариерно насочување“ и Општинскиот младински парламент.

Слични Објави