|

Ќе се намалат ли уште цените на прехранбените производи?

Поради тешката економска криза во светот и драстичното зголемување на цените на енергенсите беше забележано и поскапување на прехранбените производи, но сега ситуацијата полека се менува.

Од први декември околу 200 компании од прехранбената индустрија користат субвенционирана електрична енергија која е до пет пати помала од таа на берзата, откако Владата реши да помогне со цел да се намалат цените на производите.

Дополнителна причина за ново намалување на цените на прехранбените производи е падот на цената на горивата, односно тие се симнаа на идентично ниво како пред војната во Украина и сега дизел се точи за 79,50 денари за литар.

Иако дел од прехранбените производи поевтинија во претходните денови, сепак дополнителниот пад на цената на горивото, но и субвенционираната струја треба уште да ги намали цените на основните продукти.

Извор: skopjeinfo.mk



Слични Објави