ГДУ-ПРИЛЕП: ЛУЃЕТО ОД С. КАНАТЛАРЦИ ОД ВТОР РЕД- НЕМААТ ПРИСТАП ДО ВОДА

//

„Дали владата од Скопје и општина Прилеп ги смета луѓето од Канатларци за граѓани од 2 ред? Во 21 век немаат пристап до основниот ресурс – вода. Со истиот тој ресурс создаваат храна за вашите луксузни трпези во градовите.

Во село Канатларци на само 12 km од Прилеп немаат основни услови за живот и вода за пиење. Имаат на располагање бунар со капацитет од 2.5 L во секунда, додека нивната потреба е 8 L во секунда. Население со над 2000 жители, христијани и муслимани кои заедно живеат и работат се оставени без основен ресурс за земјоделска работа. Поседуваат 10.000 овци и 1000 глави крупен добиток за кои немаат доволно вода.

На страна 25 од програмата, СДСМ и коалицијата ветуваа живот за сите, односно подобар живот за земјоделците и инфраструктура во селата. Г-не градоначалниче Илија Јованоски, основен биолошки ресурс за да има живот е водата. Оние кои ве прехрануваат и од кои земате даноци ги оставивте без вода“, се вели во соопштението на ГДУ-Прилеп.





Претходна статија

СЕ УКИНУВА ДОМАШНАТА ИЗОЛАЦИЈА ПО ДРЖАВНИОТ КАРАНТИН

Следна статија

НАЈЛОШ ДЕН ВО БРАЗИЛ ОД ПОЧЕТОКОТ НА ПАНДЕМИЈАТА, ЕКСПЕРТИТЕ ПРЕДУПРЕДУВААТ ДЕКА СЛЕДИ УШТЕ ПОЛОША СОСТОЈБА

Најново од Вести