| |

ПРОДОЛЖЕНИОТ ВИКЕНД НАЈВЕРОЈАТНО ЌЕ ГО ПОМИНЕМЕ ВО КАРАНТИН

Полициски час од сабота од 19 часот, до вторник до 05 часот. Ова ќе биде препораката на Комисијата за заразни болести која ќе ја испрати до Владата, дознава ТВ21.

Потоа Владата ќе одлучи дали ќе го прифати овој предлог или ќе го отфрли. Досега речиси сите предлози беа прифатени, а и владините функционери изјавуваа дека полицискиот час и сите мерки и препораки зависат токму од Комисијата.

Тоа ќе значи дека граѓаните на нашата земја ќе минат во карантин 58 часа.



Слични Објави